Стопанственици од турскиот град Бурса се заинтересирани за инвестирање во Македонија и за поволностите на слободните економски зони. Околу 25-мина во саботата беа во Македонија, само две недели откога во нивниот град работно престојуваше министерот за економија Ваљон Сараќини. Тој ја очекува првата нивна инвестиција во април. Најмногу внимание им привлекоа слободните економски зони. За жал, немале доволно информации, не ги знаеле нашите фискални бенефиции и другите поволности кои ги нудиме во зоните. Сопственици на текстилни компании се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија, како и сопственици на фабрики кои произведуваат автоделови наменети за извоз и кои би сакале тоа да го направат и овде.
Стопанственици од турскиот град Бурса се заинтересирани за инвестирање во Македонија и за поволностите на слободните економски зони.
Околу 25-мина во саботата беа во Македонија, само две недели откога во нивниот град работно престојуваше министерот за економија Ваљон Сараќини. Тој ја очекува првата нивна инвестиција во април.
- Најмногу внимание им привлекоа слободните економски зони. За жал, немале доволно информации, не ги знаеле нашите фискални бенефиции и другите поволности кои ги нудиме во зоните - изјави Сараќини.
Сопственици на текстилни компании се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија, како и сопственици на фабрики кои произведуваат автоделови наменети за извоз и кои би сакале тоа да го направат и овде.
- Се надеваме дека нашето стекнато искуство и потенцијалот кој го имаме во Турција, со конкретни инвестиции, ќе ги пренесеме и овде, во Македонија. Има одлична клима за инвестиции и уверени сме дека претставници од различни сектори кои се во делегацијата ќе имаат можност за инвестирање зашто се нудат одлични можности и сосема солидна и евтина работна сила. Сакаме да ги реализираме и сите други видови на соработка во различни сфери со оваа прекрасна земја - додаде Крџе.